logo
logo
logo

Советникот на Заев кој стана директор „тепал“ дадилка и вработил балерина и ѕвезда на реално шоу?!

Vecer | 11.05.2021

Советникот на Заев кој стана директор „тепал“ дадилка и вработил балерина и ѕвезда на реално шоу?!

Александар Обрадовиќ од денеска и новиот директор ЕЛЕМ трејд зад себе има многу скандали. Тој си замина од Србија како директор на ЕПС, кое всушност е пандан на нашето ЕВН само што таму електродистрибуцијата е во државна сопственост.

Компанијата ја оставил во долгови и го прифатил повикот на Заев да му биде советник за економски прашања во првиот мандат. Неговото име своевремено се споменуваше и како прв избор за директорското место во ЕЛЕМ, но под притисок на јавноста, Обрадовиќ не ја доби таа функција во 2017 година.

Инаку, Обрадовиќ во 2019 година, како што тогаш пишуваше „Република.рс“, со сопругата наводно ја нападнале дадилката која им го чувала детето. 22-годишната Андријана ги пријавила двајцата во полиција откако сакале да ја тепаат. Причина за скандалот наводно било тоа што на сопругата на Обрадовиќ не и се допаднало како Андријана му давала лек на детето.

Друг скандал поврзан со Обрадовиќ е што си ја вработил како секретарка во кабинетот балерината Драгана Милошевиќ, инаку учесничка и во реално шоу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk