logo
logo
logo

СОВЕТНИЦИТЕ НА МАКРОН ГО ЕКСПЕДИТИРАЛЕ КАЈ ЗАХАРИЕВА: Османи од Париз директно одлетал за Софија

Vecer | 24.02.2021

СОВЕТНИЦИТЕ НА МАКРОН ГО ЕКСПЕДИТИРАЛЕ КАЈ ЗАХАРИЕВА: Османи од Париз директно одлетал за Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи директно од Париз со авион отпатувал во Софија каде во текот на денот ќе има средба со неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева, објави ТВ21.

На состанокот ќе се разговара за Акцискиот план помеѓу двете држави, а премиерот Зоран Заев минатата недела најави дека двајцата дипломати треба да го договорат и терминот за меѓувладината конференција.

Како што е познато двете држави во насока на решавање на проблемите изготвија Акциски план, но содржината и натаму е непозната за пошироката јавност

-Повеќе информации за разговорите и идните чекори се очекуваат по враќањето на министерот во Скопје, изјавил владиниот портпарол Душко Арсовски за TВ 21.

Тој посочил дека кохерентноста на двата документи во еден Акциски план е во завршна фаза.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk