Советничката на Заев доби нова функција

Советничката на премиерот Зоран Заев, Љупка Цветкова, која го советува претседателот на Владата за прашања од областа на администрацијата, е именувана и за член на Комисијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, стои во Службен весник.

Од Владата потврдија дека Љупка Цветкова, посебната советничка за администрација, е именувана за член на Комисијата за продажба на земјоделско земјиште. „Љупка Цветкова е дипломиран земјоделски агроном со запишани магистерски студии на Факултетот за земјоделство", стои во одговорот од Владата до „Макфакс".

Поврзани

Најнови вести

Коментари