logo
logo
logo

Состанок за новата рамка за одржлив развој меѓу Обединетите Нации и Македонија

Vecer | 25.02.2021

Состанок за новата рамка за одржлив развој меѓу Обединетите Нации и Македонија


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи заедно со резидентниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџиакго го одржаа првиот заеднички управен комитет за спроведување на новата рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2021 година.

На воведното обраќање, министерот Османи ги истакна модалитетите за најсоодветно искористување на поддршката што Република Северна Македонија ја добива од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети.

„Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и одговорни институции”, истакна Османи.

На првиот состанок на Комитетот за 2021 година, беа разгледани националните приоритети во доменот на одржливиот развој, при што беа одобрени клучните документи за спроведување на рамката за соработка со OОН за 2021-2025 година.

Инаку,рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации со Северна Македонија за периодот 2021-2025 е стратешка програмска рамка за активностите на ООН во нашата земја и претставува збир на активности на агенциите на системот на ООН за поддршка на земјата во адресирање на приоритетите и предизвиците кон постигнување на целите за одржлив развој.

Во својство на членови на Комитетот, на состанокот активно учествуваа и министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерот за образование и наука, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk