Соработникот на Зврлевски што го поднесе барањето зa притворот на Кочан избран за член на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е избран за член Советот на јавните обвинители на РМ, соопшти ова тело. Од Советот информираа дека гласале за избор на еден член од општата листа кандидати од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Македонија, изборна единица 5.

„Ацо Колевски – јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија доби шест гласа, додека Бодан Лазаревски – јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија доби пет гласа, се наведува во соопштението од СЈОРМ. Се очекува да бидат избрани уште двајца членови од редот кандидати што ги избира Собранието.

фотографија A1он

Новоизбраниот член на Советот, Ацо Колевски, јавноста го памети барањето за заштита на законитоста, преку кое, на бизнисменот Сеад Кочан му беше укинат притворот. Врховниот суд спротивно на законот прифати да расправа за вонредниот правен лек на Јавното обвнителство, иако беше ненадлежно, доставено токму од јавниот обвинител Ацо Колевски и одлучуваше за притворот на Кочан. По смената на власта, Јавното обвинителство по следните две барања за заштита на законитоста за пасошот на Никола Груевски и Елизабета Канческа-Милевска, одлучи дека не е надлежно за предметите на СЈО и адвокатите ги упати кон специјалното јавно обвинителство.

В. Маглешов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари