Сообраќајот на патот Св. Николе-Штип ќе биде во прекин половина час, поради минирање

Утре сообраќајот на магистралниот пат А4 делница Св.Николе – Штип (на клучка Три Чешми рампа Св.Николе – Кочани) ќе биде во прекин за сите моторни возила од 13:45 до 14:15 поради минирање.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните делови од државата. Во југозападните, североистичните и источните делови коловозите се наместа влажни. Во централните и јужните делови од државата коловозите се суви.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари