Сончево со температури до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, со температури од 10 до 27 степени.

Во петок во поголем дел од земјава времето ќе биде стабилно, а во југозападните делови попладне можна е појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во сабота ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во наредните денови, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари