Сончево и топло време во текот на викендот

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека утринските температури ќе се движат во интервал од 12 до 19, а дневните највисоки од 28 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од вторник во попладневните часови во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари