Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, попладне само во крајните северни планински делови ќе има краткотрајна нестабилност. Температурата наутро ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и топло попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 17 до 34 степени.

За време на викендот во попладневните часови во западните делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а в сабота повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари