Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува од 1 до 8, а максималната од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје сончево со температура од 6 до 27 степени.

Наредните денови продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Во понеделник ќе се задржи претежно сончево.

Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе се задржи суво време.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари