„СОНЦЕ ПАК ЌЕ ЈА ОГРЕЕ МАКЕДОНИЈА“ – УМС во чест на петте струмички студенти (ФОТО)

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одбележа годишнината од загинувањето на петте струмички студенти.
– На денешен ден 1951 година, биле застрелани петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот режим. Нивната цел била слободна и независна Македонија, велат тие.
Повторно Македонија се разбуди со нивните летоци по градовите.
Нив ги застрелаа за да ја уништат идејата, но заборавија на идните генерации инспирирани од нив ! Вечна им слава, стои во објавата.