Солза Грчева: 30 шок бомби беа фрлени кон овој народ, гледам дека никој не се уплаши, никој не се плаши (ВИДЕО)

Ме исмејуваа дека зборувам од гајби. Ќе зборувам и од гајби и од талпи и од камен, но нашиот глас ќе сигне до секој, рече универзитетската професорка и лидер на „Глас за Македонија", Солза Грчева.

-Синоќа се случи нешто што не верував. 30 шок бомби беа фрлени кон овој народ. Па гледам дека никој не се уплаши, никој не се плаши ни од шок бомби, ни од етикети дека сме националисти, примитивни, фашисти. Игранката е откриена, фашизмот е кај нив.

 

Сакаат да создадат мртвороденче, фашистичка творба, непостоечко суштество сакаат да создадат. Да не се погребуваме на македонски православни гробишта, нема тоа да го дозволиме. Сакаат да не одродат од сите македонци во соседството, рече Грчева.

Таа пред демонстрантите истакна дека била внука на Ацо Шопов и зборуваше за неговите поетски творби.

-Сакаат да немаме минато. Додека имаме умни, паметни, добри, вредни, чесни луѓе, луѓе кои знаат што е право, што е Устав, со нивен камен по нивна глава ќе удриме. Не е фронтот само овој, на сите можни фронтови ќе се бориме и на сите можни фронтови ќе победиме. Ова мртвороденче нема да прооди на оваа земја. Македонија ќе си остане оваа наша исконска Македонија со овој прекрасен народ на кого му се игра на живците. Е овој народ е камен, нема да го измести никој од овде, никогаш. Овој дом овде, нема да се смириме до распуштање на ова ненародно Собрание, додаде Солза Грчева и најави протести во сите градови.

Вели, власта ги кршела сите закони, а тоа било шанса да ги уништат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари