logo
logo
logo

Софтверот е набавен законски, така велеше ЗАЕВ за РАШКОВСКИ! А сега МОЛК!

Vecer | 16.04.2021

Софтверот е набавен законски, така велеше ЗАЕВ за РАШКОВСКИ! А сега МОЛК!

Има причинско-правни последици зошто е тоа правено, со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во Министерството за внатрешни работи. Се работи за објект кој снима 360 степени кој е набавен врз основа на претходни длабински анализи. Ова е правено со причина, не ни текнало така нас седејќи во Владата ај ќе правиме софтвер. Ако не го користат сега, може во иднина ќе го употребуваат“, изјава на Заев дадена на 10 март годинава, кога со сите сили го бранеше својот најверен сојузник Драги Рашковски за набавката на софтвер кој самиот го создал.

Тогаш Заев истакна дека софтверот е набавен законски и оти за тоа постојат документи. Само еден месец подоцна сосема поинаква ситуација, а оставката на Рашковски беше прифатена без дилема и коментар - ниту за неа ниту за неговото приведување.

Зошто Заев  се откажа од Рашковски, прашува Пресинг.тв и бара одговор на дилемата дали првичното ставање на авторитетот на Заев како залог за одбраната на Рашковски не покажува барем две елементарни работи? Прво, дека самиот тој бил добро запознат со целата постапка, што на извесен начин, во најмала рака, го прави и поттикнувач или соучесник во неа.

И второ, со кого во МВР се водела целата комуникација, ако за тоа не бил известен во тоа време техничкиот министер за внатрешни работи? Потребата на МВР воопшто од таков софтвер е сосема друга работа. На крајот на краиштата, можел ли Рашковски да ја спроведува целата постапка без за тоа да го информира својот ангел чувар Зоран Заев?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk