Собраниската комисија го усвои предлогот за менување на Уставот

Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на Владата за пристапување кон менување на Уставот.

Комисијата ја задолжи Владата во рок од 15 ден да подготви и достави текст со нацрт амандмани и да ги земе предвид забелешките изнесени на седницата на Комисијата.

„За“ гласаа 10 пратеници од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, а воздржани немаше.

В понеделник предлогот на Владата ќе се најде на дневен ред на пленарна седница во Собранието.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари