Собранието не му го одзеде мандатот на Груевски

Собранието не му го одзеде мандатот на пратеникот Никола Груевски, констатираше претседателот на Собранието, Талат Џафери. Одлуката беше донесена со 58 гласа ЗА и 29 против, но за да му се одземе мандато потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници да гласаат ЗА. Ниту еден пратеник не се јави за збор.

Предлогот беше испратен од Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, на која мнозинството пратеници донесоа заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на пратеникот Никола Грувски. Пред неколку дена дел од пратениците, кои побараа да се одземе мандатот на Груевски, изјавија дека тој е недостоен за вршење на функцијата пратеник.

Ваква процедура следува по известувањето кое стигна до Собранието од кривичниот суд, дека пратеникот Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда на 2 години затворска казна. Груевски не беше присутен во Собранието.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари