logo
logo
logo

Милошоски до Османи:

 Собранието не е виновно за тоа што МНР нема пари да ги испрати ниту амбасадорите кои комисијата ги поминала

Vecer | 04.06.2021

 Собранието не е виновно за тоа што МНР нема пари да ги испрати ниту амбасадорите кои комисијата ги поминала

Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија, одговори на прозивките на Бујар Османи дека не сакал да закажува собраниска седница на комисијата за надворешна политика, укажувајќи дека првично со Османи договорил да се презентира Нацрт акцискиот план кој што го донела Владата за Македонија и Бугарија, но како што рече и покрај тоа што Османи се согласил на ова, не си го одржал зборот,

Прво се договоривме со Бујар Османи дека претходната тура на амбасадори 10 или 12 беа на број да ја претставиме пред комисијата за надворешна политика и тие да започнат да си ги заземаат своите места, но во тој период договорот беше министерот да дојде пред комисијата за надворешна политика и да ги го покаже нацрт Акцискиот план за кој што владата донесе заклучок дека го работи помеѓу Македонија и Бугарија. И министерот Османи рече во ред, нека поминат амбасадорите ќе направиме такво нешто. Но, тој не си го одржа својот збор, вели Милошоски.

Милошоски посочи дека не е проблем собраниската комисија за надворешна политика, туку дека Министерството за надворешни работи нема средства ниту за амбасадорите кои што веќе поминале на истата собраниска комисија, како и дека има забелешка што се уште владата нема назначено амбасадор за Вашингтон и Софија.

Втора работа ги поминавме сите амбасадори, но во Министерството за надворешни работи нема пари. Проблем е што МНР е оставено со многу мал буџет, од амбасадорите кои што поминаа, помина амбасадорката за Австралија а уште не е појдена во Австралија и за тоа не е виновно Собранието, помина амбасадорот за Токио, Јапонија а уште не појден. Сакам да кажам дека МНР нема средства и тие што поминаа да ги испрати, нагласи Милошоски.

И трето имаме една забелешка, Македонија треба да има приоритети. Ние во моментот имаме спор со Бугарија и имаме стратешки партнер како САД, а владата две, три години не може да се усогласи кој да биде македонски амбасадор во Вашингтон, а се уште не го потполнува и местото во Софија, рече Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk