logo
logo
logo

СОБРАНИЕТО БЕЗ КВОРУМ, тројца пратеници од мнозинството позитивни на корона

Vecer | 09.03.2021

СОБРАНИЕТО БЕЗ КВОРУМ, тројца пратеници од мнозинството позитивни на корона

Собранието не успеа да го утврди дневниот ред за 34 седница, поради немање кворум. Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирусот и поради тоа не можеа да присуствуваат на работата на Парламентот, информира претседателот на Собранието Талат Џафери. Во салата беа присутни 59 пратеници.

– Во четвртокот минатата недела утврдивме дека денешниот ден ќе биде ден за гласање на точките коишто поминале на расправа. За жал, морам да констатирам дека од мнозинството се присутни 59 пратеници. Тројца пратеници се спречени да учествуваат на оваа седница затоа што се заразени со коронавирусот. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на Ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, додавајќи дека поради здравствената состојба на пратениците денеска не може да го утврди дневниот ред.

Тој рече дека гласањето ќе се одржи во следниот период, за што пратениците ќе бидат дополнително известени.

Собраниската седница продолжи со точка број 67, за Законот за тутун поднесен од група пратеници од мнозинството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk