logo
logo
logo

Со службено возило, шефот на кабинет на Груби без да плати поминувал патарини

Vecer | 01.02.2021

Со службено возило, шефот на кабинет на Груби без да плати поминувал патарини

Перпарим Бајрами, шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби, бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати, со нелегално поставени флешери, дознава „А1он“. Според извори на порталот А1он, тој бил затекнат вчера и е еден од 32 лица за кои МВР објави дека биле санкционирани поради злоупотреби при наплата на патарината. Полицајците го фатиле при спроведување на акциска контрола на МВР.

Неофицијално, Бајрами бил со службено возило на кои биле поставени флешерите. Автомобилот бил сопственост на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.

Kористењето на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци (флешери) смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои полицијата или воената полиција вршат придружба. Вакви уреди може да се вградуваат и употребуват и на возила определени со акт на Владата како и на возилата со право на првенство на минување.

Дополнително, флешери може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела.

Инаку, МВР фати и шест полициски службеници кои ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација. И против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.

Извор: А1он

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk