logo
logo
logo

Со ова темпо Македонија ќе се вакцинира до 2023

Vecer | 09.02.2021

Со ова темпо Македонија ќе се вакцинира до 2023

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го соопшти планот за динамиката со која ќе се вакцинираат граѓаните. Ќе се почне со вакцинација на 2.500 лица дневно, а натаму можни се пунктови и во модуларните болници.

Според оваа динамика а доколку Македонија ја започне вакцинацијата во февруари, тогаш милион жители би требало да се вакцинираат и ревакцинираат до април 2023 година. Ако се има предвид дека децата нема да се вакцинираат, како и дека станува збор за доброволна имунизација, прогнозите се дека вакцинацијата ќе заврши многу побрзо.

Каде ќе може да се вакцинираме?

Вакцинирањето ќе се одвива во трите поликлиники Јане Сандански, Букурешт и Чаир, секој работен ден и сабота од 8 до 20 часот, а во попладневните часови ќе работат пунктовите во Ченто, Идадија, Бит Пазар и Ѓорче Петров.

Екипите ќе бидат засилени со 14 специјализанти од вон болничка педијатрија, а надлежните сметаат дека засега има доволно капацитети и медицински кадар за првиот бран на вакцинација.

За вакцинирање пријавени само 20 проценти од здравствените работници

Здравените работници кои се во првата категорија ќе се вакцинираат преку посебна листа. На Трансфузија ќе одат вработените од Клинички центар. Досега се пријавиле 4000 здравстени работници, од кои 2000 во Скопје. Од здравствениот дом се пријавиле 50 проценти од медицинскиот персонал, најмалку пријавени има во Брзата помош.

Можно е вакцинирање и во спортската сала "Борис Трајковски"

Според информации на ТВ 24, утринава на Комисијата за заразни болести министерот и неговиот заменик предложиле вакцинацијата да се одвива во спортската сала „Борис Трајковдки“, но останатите членови сметале дека пунктовите во здравените домови засега се доволни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk