logo
logo
logo

„Со измените на КЗ власта се подготвува за опозиција, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе ги истражи сите криминали“

Vecer | 14.09.2023

„Со измените на КЗ власта се подготвува за опозиција, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе ги истражи сите криминали“

При денешната посета на Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што власта вели дека новите измени на КЗ се следење на европските регулативи истакна дека власта на тој начин се подготвува за опозиција, но идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци.

„Се подготвуваат за опозиција, мислат дека на тој начин ќе бидат амнестирани за сиот криминал кој што го правеле изминативе години, но мојата порака до нив и до сите оние кои што се надеваат дека на овој начин се спасиле, од било која власт, повторувам, од било која власт, се лажат, рече Мицкоски.

Едно е политичкиот прогон и политичките случаи друго е евидентниот криминал кој што се случува изминативе шест години. Така што неколку пати повторивме и со златно знаме да го изгласаат идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци кои што на маката на народот се богателе изминатите шест години. Така што нема каде да се сокријат ако мислат дека на овој начин ќе бидат амнестирани за злоделата и криминалот што го правеа изминатите шест години“, нагласи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk