logo
logo
logo

Д-р Мери Кирјас

СО ИСТА ВАКЦИНА да бидат вакцинацијата и ревакцинацијата

Vecer | 09.04.2021

СО ИСТА ВАКЦИНА да бидат вакцинацијата и ревакцинацијата

Во моментов не може официјално да се препорача вакцинацијата и ревакцинацијата да се вршат со различни вакцини, бидејќи се уште не се знае колкава би била ефикасноста и што би можело да се очекува, вели изјави доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија во интервју за МИА.

– Претпоставувам дека во наредниот период кога ќе имаме информации, препораките ќе се менуваат. Меѓутоа, во моментов препораката стои дека и втората доза (на вакцината) треба да биде од истиот производител, потенцира Киријас.

Таа додава дека официјалните препораки и од производителите и од американската Администрација за храна и лекови (ФДA) и од Европската агенција за лекови (ЕМА) е дека ревакцинацијата против Ковид-19 мора да биде со истиот тип на вакцина со која е извршена и вакцинацијата.

– Во моментов постојат неколку студии коишто работат на тоа да видат колкава ќе биде ефикасноста од вакцините ако се комбинираат првата и втората доза да бидат од различни производители, нагласува Киријас.

Според неа, досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со Ковид-19,

– Гледаме дека имаме земји каде што има помасовна вакцинација, има ефекти од неа, нагласува Киријас

Таа истакнува дека во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од Ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.

– Присуство на антитела значи заштита, не е важна колкава е таа бројка од моменталните информации коишто ги имаме. Тоа значи лицето кое што прележало Ковид има заштита и заштитата не е само со антителата. Тоа е нешто што ни е померливо и затоа сега се зборува толку, меѓутоа тука е и клеточниот имунитет којшто секако останува како меморија, како памтење кај индивидуите. Така што лицата ќе имаат и антитела и клеточен имунитет. Колку долго ќе трае, ќе видиме. Засега немаме податоци, меѓутоа секако се очекува дека тој имунитет ќе трае една година, додава д-р Киријас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk