logo
logo
logo

Изет Меџити: Со едни се собраа гласови, СО ДРУГИ СЕ ФОРМИРА ВЛАДА

Vecer | 09.03.2021

Изет Меџити: Со едни се собраа гласови, СО ДРУГИ СЕ ФОРМИРА ВЛАДА

Судирите во ДУИ се резултат на кршење на принципот на меритократија, вели пратеникот Изет Меџити за „Емисија 200“ на Алсат М додавајќо дека луѓето кои ги собрале гласовите биле изоставени од извршната власт.

Според него тие судири се критички глас што доаѓа од структурата на ДУИ.

- За извршните избори, тоа е глас за враќање на дебатата во партиските тела. Бидејќи минатата година се одржа конгресот на ДУИ, а самиот Конгрес значи дека треба да произведеме нова визија, нова програма, нов претседател, нови тела. Можеби ова беше попречено од короната, но не можеме да се држиме до ова размислување и да немаме нови органи, рече Меџити.

Тој додаде дека значи враќање на дебатата во телата  без оглед дали се работи за извршната власт, или за политиките и другите.

- Ова е прашање на организациски аспект, втор принцип на меритократија, во политиката вреди колку што имате гласови. На овие избори излеговме на начин што не го испорачавме она што го ветивме пред гласачкото тело. Со едни луѓе се собраа гласовите, со други луѓе се направи влада. Јас не го велам тоа, има случаи кога треба да се избалансира, но мора да има легитимитет во овој поглед, рече Меџти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk