logo
logo
logo

СО АПЛАУЗ дочекана ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА за доктор Бобан Вучевски (ВИДЕО)

Vecer | 05.06.2023

СО АПЛАУЗ дочекана ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА за доктор Бобан Вучевски (ВИДЕО)

Со месеци група на граѓани се собираа во знак на поддршка за доктор Бобан Вучевски од тетовската болница кој беше еден од обвинетите за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Откако денеска тој беше ослободен од вина при донесување на пресудата за него беше пречекана со аплауз

Со громогласен аплауз беше поздравена ослободителната пресуда, аспоред него, ова е праведно. Посочи дека сега ќе биде уште повеќе со граѓаните и пациентите.

„Ослободителна пресуда за мене. Голема благодарност за сите пријатели кои не дозволија да останам сам. Благодарност до адвокатскиот тим кој ме поддржуваше и ми даде сила да го спроведеме овој процес како што треба. Благодарност за правдата што излезе дека јас како доктор сум бил со вас, а сега уште повеќе ќе бидам со вас“, рече Бобан Вучевски.

Докторот Бобан Вучевски се суди бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането. Претходно, судијата Јордан Велковски го ослободи од вина.

https://youtu.be/qn4kowZGfEo

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk