Снегот кој падна во саботата се уште не е расчистен на комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје и претставува опасност за граѓаните.

Од фотографиите од утринава може да се забележи снегот се уште не расчистен патеките, а тоа што истиот е замрзнат дополнително ја зголемува опасноста на комплексот клиники во кој дневно одат најголем број на пациенти во земјава.

Нејасно е до кога надлежните ќе чекаат да го расчистат просторот или па можеби ќе чекаат истиот да се стопи, но пациентите прашуваат покрај тоа што се таму поради друга мака, дали треба да се здобијат со уште некоја скршеница?