Снег во Крушево, магла на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег се бележат во Крушево. На планинскиот премин Стража, поради појава на магла, видливоста е намалена до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А2 Стругa-граничен премин Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до местото викано Добра Вода-село Франгово (во должина од 3 км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари