Снег на Стража и Попова Шапка, магла на патот Тетово-Шипковица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските превои Ѓавато и Пресека. Во Крушево врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово-Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари