logo
logo
logo

Корупција, што беше тоа?

Сменет Лазе Велковски од Организран криминал, подземјето слави!

Vecer | 12.05.2021

Сменет Лазе Велковски од Организран криминал, подземјето слави!

Со одлука на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, односно на владата, сменет е Лазе Велковски од функцијата началник на организиран криминал во МВР.

Ова е нов удар од извршната власт врз акциите на Обвинителството за организиран криминал кое има директна соработка со досегашниот началник на организиран криминал во МВР, Лазе Велковски, особено во борбата против корупција и против нарко бизнисот.

На местото на Лазе Велковски поставен е Ветон Кранли, советник на министерот Оливер Спасовски кој никогаш досега не вршел ниту една одговорна и оперативна функција во полицијата.

Смената на Лазе Велковски од шеф на организиран криминал во МВР не е случајна, ниту е во случајно време извршена.

Лазе Велковски, по 0длука на шефицата на Организиран криминал во ЈО, Вилма Рускоска, е избран за нејзин соработник во истрагите против организиран криминал и корупција па, и и по тој основ, додека ги извршува тие задачи владата, односно министерот Оливер Спасовски, согасно закон не може да го разрешува од функцијата која ја има.

Лазе Велковски беше директор на Јавна безбедност до август 2018-та година кога владата го разреши и го симна подолу во хиерархијата поставувајќи го за началник на Организиран криминал. По функција, директен и прв полициски соработник со Вилма Рускоска, шефицата на ЈО за Организиран криминал.

Лазе Велковски, заедно со поранешниот директор на Државната безбедност Горан Николовски, важеа за луѓе од доверба на американската агенција за борба против трговија со дрога, ДЕА, која со нив од 2018-та формираше и специјален полициски тим за дејствување во Македонија.

Но, корупцијата и нарко бизнисот не трпат независност и неконтролирани акции во полицијата, па во 2018-та владата го смени Лазе Велковски, а во 2019 и Горан Николовски и на нивните директорски места дојдоа луѓе кои нема да одат предалеку во вршење на својата работа, туку до границите на интерес на корупцијата и нарко биснисот.

Горан Николовски, сменет директор на УБК

2018-2020 се годините кога се доделени најмалку 215 фалсификувани пасоши на нарко дилери и криминалци од страна на службите во МВР за што ДЕА, дури во 2021, изврши притисок за ниво гонење и апсење.

Остана необјаснето зошто организирана група криминалци - овластени лица во МВР, која издала најмалку 215 фалсификувани пасоши на нарко криминалци и протоа наплаќале и до 20.000 евра за пасош, не е гонета и обвинета како криминално здружение, и обвинета од секторот на Вилма Рускоска за Организиран криминал при ЈО, туку постапката и обвинението е работено од скопското обвинителство кое не е надлежно за органзиран криминал.

И министерот Оливер Спасовски, по објавата за масовно издавање фалсификувани пасоши, потврди дека тој избрал постапката да ја води скопското обвинителство, а не Органзиран криминал бегајќи од обвнителите на Вилма Рускоска, и нејзиниот истражител во постапките - сега сменетиот Лазе Велковски. Од друга страна, и Вилма Рускоска, при откривањето на скандалот потврди дека нема одржливи сознанија за настаните и чека МВР да и достави информации.

МВР не достави информации и докази до Организиран криминал при ЈО, обвинетите беа гонети за наивно   фалсификување службена исправа небаре фалсификувале ПЦР Ковид тестови а не пасоши за меѓународни нарко картели, и беа осудени минимално, на по година ипол-две затвор.

Праткитично, МВР ги спаси своите фалсификатори од темелна истрага, од тешки казни и од сведочење пред судот и јавноста со кое би се дознало како и со кого тоа го правеле што, при нивно признание за делото со награда од минимална казна, не е сторено.

Сведочење и распит пред судот - нема, јавноста никогаш нема да дознае како се фалсификувани и продавани пасошите на нарко дилерите.

Епилог и финале, сменет е од функција Лазе Велковски, човек од доверба на американската ДЕА и соработник на обвинителката Вилма Рускоска која и во овој случај МВР ја држеше на страна и без информации.

Да се потсетиме, Вилма Рускоска најави истрага во МВР во врска со полициско соработување со нарко дилерите и откривање акции на обвинителството за организиран криминал против нив.

Истрагата е во тек, информации очекувеме.

За јавноста е исклучително битно дали ќе опстанат во живот истрагите против корупција, организиран криминал и нарко дилерите, или полицијата и владата и понатаму ќе успеваат да ги забошотуваат овие дејствија, да вртат внимание на јавноста од себе кон други со бескрајно пакувани нови случаи против опозицијата... а кога, сепак, нешто ќе се открие, во договор со локалните обвинителства и одбрани судии да ги спасуваат фатените криминалци со минимални казни.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk