logo
logo
logo

Случај „ТНТ“: Се очекува судот да не прифати ниту еден доказ на одбраната како што побара Рустеми

Vecer | 28.10.2021

Случај „ТНТ“: Се очекува судот да не прифати ниту еден доказ на одбраната како што побара Рустеми

 

Денеска ќе се одржи ново рочиште за случајот „ТНТ“. На него се очекува жестока реакција на одбраната на обвинетите откако вчера адвокатот Мерџан Даути јавно изнесе дека обвинителот Бурим Рустеми му нудел нагодба за еден од обвинетите, односно условна казна ако го признае делото. Рустеми ветувал дека ќе среди со судот да добие најниска казна.

-Тоа Даути го одбил по што следеле закани од Рустеми дека ќе бара да не биде прифатен ниту еден доказ бидејќи неможел да дозволи постапката сеуште да трае и морало да заврши до крајот на 2021 година и дека предлог на обвинителството во целост ќе биде прифатен од судот.

Се поставува прашањето каде е тука еднаквоста на оружјата кога претходно обвинителството и судот договараат што треба да се случи на  расправата-објаснува Даути.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk