logo
logo
logo

Словенечкиот шеф на дипломатијата ЌЕ ОДИ ВО СОФИЈА ЗАРАДИ ВЕТОТО КОН МАКЕДОНИЈА

Vecer | 02.07.2021

Словенечкиот шеф на дипломатијата ЌЕ ОДИ ВО СОФИЈА ЗАРАДИ ВЕТОТО КОН МАКЕДОНИЈА

Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар, чија земја го презеде претседателствувањето со ЕУ, вели дека една од првите посети ќе му биде Бугарија, токму поради спорот со Македонија, односно бугарското вето за почеток на преговорите на  Македонија со ЕУ, јави Бугарското национално радио.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот Логар изрази надеж дека по предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се формира влада со големо мнозинство, така што таа ќе работи, вклучително и на прашањето за  Македонија.

Тој истакна дека спорот мора да се реши меѓу двете земји и коментира дека една од земјите има резерви за  Македонија, што значи дека тие мора да бидат елиминирани и да се најде решение „да ги задоволи земјите-членки и да не го комплицира процесот на преговори, ниту пак ја отвора Пандорината кутија“.

Министерот Логар потсети дека  Македонија и Албанија ги исполниле условите за почнување преговори и затоа следниот чекор треба да биде почнување на меѓувладина конференција со нив. Амбасадорот на Словенија во Софија денеска ги презентираше приоритетите на претседателството со второто словенечко претседателство со ЕУ, што почнаа вчера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk