logo
logo
logo

Следни рестрикции се зголемување на полицискиот час и скратување на работата на кафеаните, ќе се одлучува в понеделник

Vecer | 19.03.2021

Следни рестрикции се зголемување на полицискиот час и скратување на работата на кафеаните, ќе се одлучува в понеделник

Следните рестриктивни мерки за кои размислува Комисијата за заштита од заразни болести, доколку дневните бројки на новозаболени растат, се продолжување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти. Дали се неопходни ќе се одлучува в понеделник. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека денес има помал број новозаболени во однос на вчера и очекува тој тренд на намалување да продолжи.

„Во смисла на дополнителни рестрикции следните чекори би биле зголемување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти. Тоа би било дополнително на овој лимит сега. Очекуваме бројот на новозаболени да се намали, како резултат на веќе воведениот полициски час. Денес имаме бројка на новозаболени под 1000, значи помалку во однос на вчера и очекуваме така да продолжи. Овие мерки го даваат резултатот во првите десет со четиринаесет дена, ќе ги анализираме податоците. Спремни сме да препорачаме и дополнителни мерки, но сметаме дека не се потребни. Одлука ќе носиме в понеделник“, рече министерот Филипче.

Воведувањето на дополнителни рестрикции, министерот Филипче рече дека зависи главно од динамиката на примање нови пациенти и слободните болнички кревети во ковид – центрите. Во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обезбедени вкупно 100 дополнителни болнички кревети во однос на оние кои биле на располагање во есенскиот бран со пренамена на постојните оддели. За ставање во функција на 100 – те кревети во поранешниот хотел „Ибис Стајлс“ кои приватите клиники ги отстапија на јавното здравство, се уште нема одлука. Министерот Филипче вели дека приоритет имаат одделите кои се во рамки на сегашните болници.

„Ги пренаменуваме веќе постојните оддели во клиниките оти тука е експертизата и се организираме по принципот на ротација“, објасни министерот Филипче.

Тој не ја исклучи можноста и ковид – центарот во поранешниот хотел „Ибис“ во Тафталиџе да се стави во функција, доколку се исполнат сите капацитети.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk