logo
logo
logo

Слави Трифонов одбил средба со Заев

Vecer | 18.06.2021

Слави Трифонов одбил средба со Заев

Лидерот на партијата „Има таков народ“, која стана втора политичка сила во Бугарија, вчера одбил средба со премиерот Зоран Заев, пишува БГНЕС. Според агенцијата, Заев потврдил дека одбивањето се должело на обврските на Слави Трифонов поврзани со неговата изборна кампања.

Трифонов вчера ги нарече „небитни“ лидерите на БСП, Корнелија Нинова, и на ГЕРБ, Бојко Борисов, со кои македонскиот премиер имаше средба пред официјалните со премиерот на техничката влада и претседателот на државата, што асоцираше дека се почувствувал самиот небитен, па реагира бидејќи не се нашол на списокот на Заев.

Но, според БГНЕС Трифонов, како и досега, одбива да се соочи со одговорноста и да каже пред изборите што тој би направил околу спорот со Македонија.

Изјавата на Трифонов вчера во Пловдив беше прво појавување во јавноста по долго време за популарниот ТВ-презентер, чија партија стана втора политичка сила на претходните избори. Во последните неколку месеци тој ги искажуваше своите политички пораки и ставови за важни теми само преку објавите на Фејсбук и појавувањето во Пловдив е прво во живо по изборите во Бугарија во април.

„Едно лице се појавува само кога има што да каже“, рече Слави Трифонов на самиот почеток на разговорот. Тој избегна притоа да одговори дали, ако го повтори изборниот резултат ќе биде следниот премиер, изјавувајќи дека следниот бугарски премиер треба да биде „целосна спротивност“ на Бојко Борисов, да знае јазици, да има дипломирано на престижен универзитет, да има стручност и да биде професионалец во нешто. Според оценките во Софија, неговите зборови оставиле впечаток дека тој нема да се номинира како кандидат за премиерската функција од неговата партија.

Во друг коментар во Пловдив тој побјасни дека од Симеон Саксобурготски научил колку е важно да се биде „господар на тишината“ и го повтори својот познат став „дека не е музеј за слободно да му пристапуваат новинарите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk