logo
logo
logo

Славески: ВРЕМЕ Е ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ, направени се огромни грешки

Vecer | 13.04.2021

Славески: ВРЕМЕ Е ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ, направени се огромни грешки

Филипче треба да замине од функцијата, а на негово место да дојде нова посвежа личност, затоа што се направени огромни грешки досега, следејќи го примерот на неговиот австриски колега рече рече професор Трајко Славески, член на ИК на ВМРО- ДПМНЕ на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител

Во однос на петтиот пакет мерки, Славески вели дека има многу погодени индустрии на кои треба да им се помогне, а ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да се реализираа таа помош

„Секогаш треба да ја гледаме локомотивата а тоа се извозно ориентираните сектори. Требаше многу посериозна стратегија не само за економијата туку и за здарвството. Се беше водено од политиката гледано низ призма на избори, на попис“, рече Славески.

Тој се осврна и на концептот на прогресивен данок.

„Владејачката СДСМ која го форсираше концептот на прогресивен данок и нивната анализа покажа дека не само што немало позитивни, туку имало и негативни ефекти. Многу непромислено ако се мисли пак на ваков концепт, треба да се размислува на пример за намалување на сива економија, има простор за тоа“, рече Славески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk