logo
logo
logo

Славески: Власта не ги заштити граѓаните од КОВИД-19, затоа бројката на смртност е енормна

Vecer | 15.03.2021

Славески: Власта не ги заштити граѓаните од КОВИД-19, затоа бројката на смртност е енормна

Денес Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „24 анализа“ каде што посочи дека државата поради што не успеа да набави вакцини за граѓаните сега се чувствуваат последиците по здравјето на граѓаните и по нивните животи.

„Ако сте забележале секој понеделник бројката што ја дава Центарот за јавно здравје на заразени од КОВИД вирусот е значително помала за тоа што некои лаборатории кои што вршат тестирање не работат во недела. И добро забележавте дека бројките се значително над 20% изминатиов период, да сме во некоја друга од западно европските земји сега би имале многу, многу построги мерки од ова што го имаме ние во моментов во Република Македонија“, истакна Славески.

Славески додаде дека епидемиолозите веќе подолг период предупредуваат дека ќе дојде и трет бран. Тој бран дојде во Македонија, и граѓаните веќе ги чувствуваат последиците.

„Ги чувствуваме последиците од третиот бран на КОВИД-19, има многу загуби на човечки животи, неможност за заштита колку што ја дава заштитата вакцините. Знаете, САД имаат над 105 милиони досега вакцинирано. Соседна Србија има вакцинирано околу 2 милиони граѓани. А, ние сме на самиот почеток. Тоа ќе има последици и по здравјето и по животите на граѓаните. Секако во последиците може да се вбројат и економските“, појасни Славески.

Славески за полицискиот час посочи дека нема да даде очекувани резултати бидејќи рестораните и угостителските објекти работат до 21 часот, а истиот полициски час настапува во 22 часот.

„Јас од Комисијата за заштита од заразни болести очекував поавторитетен настап, но видовме дека веќе можеби повеќе од девет месеци тие се раководат од не од здравствени туку од политички цели. Секогаш се во дослух со интересите на Владата, дали треба да се прикажува ваква или онаква состојба, повеќе или помалку розова од тоа дали следат избори парламентарни, дали локални за градоначалник во Штип, дали се подготвува попис во услови на пандемија, така што мислам дека Комисијата за заштита од заразни болести не ја изврши својата задача и е една од причините зошто е состојбата ваква каква што е“, нагласи Славески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk