Скопските улици се руски рулет! Фатени 62 без дозвола, 82 пијани

Дури 82 возачи возеле пијани,а 62 без положен возачки испит, утврдила контролата на сообраќајната полиција, изминатиот викенд во Скопје. Од МВР информираат дека за време на викендот во Скопје се случиле 22 сообраќајки во кои двајца биле потешко повредени, а 13 полеснo.

- Сообраќајците на улиците во Скопје санкционирале 200 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 159 возачи. Од нив 82 го управувале возилото под дејство на алкохол, 68 немале положено возачки испит, а деветмина биле возачи-почетници, велат од сообраќајната полиција.

Контролата утврдила и дека 81 автомобил биле исклучени од сообраќај. Од нив 59 возеле со истечена важност на сообраќајната дозвола, 21 од автомобилите биле нерегистрирани и еден технички неисправен.

- Полицијата казни 11 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, 24 возачи кои неправилно се престроиле на коловозна лента, пет неправилно престигнувале, а 43 користеле мобилен телефон. Биле издадени 208 мандатни платни налози, а 110 возила биле подигнати од „Пајак-службата" поради непрописно паркирање, информираат од МВР.

Поврзани

Најнови вести

Коментари