logo
logo
logo

Скопје жариште на коронавирусот: Се полнат болничките капацитети, повторно отворени ковид-центрите

Vecer | 15.03.2021

Скопје жариште на коронавирусот: Се полнат болничките капацитети, повторно отворени ковид-центрите

По порастот од над илјада новозаболени од Ковид-19, вчера Министерството за здравство регистрираше 541 нов случај на корона вирусот од направени 2.789 тестирања. Повеќе од половина од новодијагностицираните случаи се во Скопје. Починаа 19 лица на возраст од 55 до 89 години.

Зголемениот број на нови случаи од Ковид-19 го зголеми и бројот на пациенти со компликации кои се хоспитализираат.

Така, во изминатите 24 часа во Скопје беа хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно 428 сомнителни и потврдени лица се лекуваат на инфективните оддели. На ниво на држава, вкупната бројка на хоспитализирани е 1015 лица. Има околу 350 слободни кревети.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

– Во текот на денот се прават исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, наведува Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 112.646. Бројката на оздравени е 97.687, на починати 3.319, а на активни случаи 11.640. Досега се направени 566.183 тестирања.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 49775, активни 5695

Прилеп 6101, активни 824

Куманово 5983, активни 410

Тетово 5790, активни 371

Гостивар 4070, активни 301

Кавадарци 3845, активни 616

Штип 3818, активни 186

Велес 3753, активни 324

Битола 3710, активни 306

Охрид 3577, активни 464

Струмица 2918, активни 225

Струга 2518, активни 174

Кочани 1954, активни 130

Кичево 1825, активни 52

Неготино 1591, активни 389

Гевгелија 1495, активни 318

Свети Николе 1147, активни 42

Крива Паланка 961, активни 131

Ресен 887, активни 93

Дебар 804, активни 17

Радовиш 780, активни 39

Делчево 763, активни 47

Берово 705, активни 60

Пробиштип 588, активни 43

Виница 538, активни 22

Валандово 408, активни 38

Крушево 372, активни 110

Богданци 337, активни 73

Демир Хисар 300, активни 40

Кратово 300, активни 26

Демир Капија 282, активни 49

Македонски Брод 260, активни 8

Пехчево 196, активни 9

Македонска Каменица 194, активни 2

Дојран 101, активни 6

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk