logo
logo
logo

Скопје втор ден под целосна блокада, Данела Арсовска се уште без решение за хаосот

Vecer | 06.12.2022

Скопје втор ден под целосна блокада, Данела Арсовска се уште без решение за хаосот

Околу 200 автобуси и денеска се поставени на крстосницата кај Мавровка и кај Црвен крст, како и на булеварот Илинденска. Блокадите ќе останат на постојните места сè додека не се седне на маса и не се најде решение согласно законот и одлуката на Град Скопје. Од Град Скопје највија дека денеска на прес-конференција ќе излезат со свој став. Вчера министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во телевизико гостување рече дека решение за проблемот на приватните превозници постои и тоа е во рацете на Советот на градот:
„Да го платат долгот кон ЈСП од два милиона евра и денес може Советот да свика седница и да и наложи на градоначалничката од одредена ставка на буџетот да го исплати долгот.
Според Пенов исто така насилно може да се тргнат автобусите од улиците, но додаде дека , се уште не се исцрпени сите можности за решение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk