logo
logo
logo

„Скопје вежба“, бесплатни тренинзи на шест локации во Скопје

Vecer | 17.05.2021

„Скопје вежба“, бесплатни тренинзи на шест локации во Скопје

Проектот наречен „Скопје вежба“ е во организација на Град Скопје, а во рамки на истиот заинтересираните граѓани ќе имаат можност да вежбаат на различни локации низ градот во наредните три месеци со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога, атлетика и друго, информираат од Град Скопје.

„Градот Скопје преку професионални тренери ќе им овозможи на граѓаните на Скопје бесплатна физичка активност во текот на попладневните часови, од понеделник до петок. Нашата цел е кај помладите генерации да всадиме навики за физичка активност, а кај постарите генерации да стимулираме еден поинаков и поздрав начин на живеење“ - вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Ги повикувам скопјани од денеска да се вклучат во проектот „Скопје вежба“ и бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје“, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и дополни:

Локациите на кои ѓраѓаните ќе имаат можност бесплатно да вежбаат се: Градскиот парк, „Ибни Пајко“, паркот во „Ѓорче Петров“, паркот кај „Три бисери“ во Аеродром, потоа паркот кај „Веро“ во Тафталиџе и во паркот во Чаир.

За дневниот распоред на вежби и локации во текот на месеците мај, јуни и јули граѓаните можат да се информираат на Интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и преку социјалните мрежи на Град Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk