logo
logo
logo

СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНО, штрајкот ќе блокира

Vecer | 26.06.2022

СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНО, штрајкот ќе блокира

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 27.06.2022  (понеделник), во периодот од 07.00 до 10.00 часот, поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на бул. „Александар Македонски“ со ул. „16. Македонска бригада“ во Скопје.

- Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици, стои во сооштението од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk