logo
logo
logo

Скопје се уште e жариште: Над 10 илјади активни случаи со Ковид 19

Vecer | 12.03.2021

Скопје се уште e жариште: Над 10 илјади активни случаи со Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.

Од вкупната бројка на активни случаи вкупно 5258 се од Скопје, втор на листата со 798 е Прилеп и трет е Куманово со 418 активни случаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk