Скопје пак руши рекорди, колку ПМ има во воздухот?

По неколку дена со почист воздух, попладнево Скопје е во топ 10 најзагадени градови на светот, рангиран на листата на air visual.

Во Карпош има 66 ПМ на 100 микограми, исто колку и во Куманово, според Мој воздух. Во Центар има 44 ПМ, а кај Ректорат 69 ПМ на 100 микрограми.

Македонскиот главен град е на 10 место, а едно место погоре, деветти е Сараево.

Осми е Белград, додека прв како и претходните денови е Лахоре во Пакистан. Дака во Бангладеш е втор, а трет е Калкута во Индија.

Во првите десет најзагадени градови, три се од Балканот.

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари