logo
logo
logo

Скопје има над 5.000 активни заразени, Куманово 900 - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ГРАДОВИ

Vecer | 08.05.2021

Скопје има над 5.000 активни заразени, Куманово 900 - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ГРАДОВИ

Според последните податоци на МЗ, вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 847 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во претходното деноноќие, имало нови 234 случаи на Ковид-19 од 2.907 направени тестирања.

Починати се 25 пациенти, најмладиот на 27 години. Оздравени се 786 лица. Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694 од направени 734.904 тестирања. Оздравени се 137.331, починати  5.067, а активни случаи има 11.296.

Дел од намалените рестриктивни мерки оваа недела беше намалувањето на времетраењето на полицискиот час кој е во сила од 23 часот навечер до 5 часот наредниот ден, како и продолжувањето на работно време за терасите на угостителските објекти, за дополнителни олабавувања на рестриктивните мерки ќе се одлучува на почетокот на следната недела.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 67806, активни 5169

Куманово 8678, активни 900

Прилеп 8227, активни 447

Тетово 7163, активни 445

Битола 6211, активни 726

Велес 5439, активни 387

Гостивар 5144, активни 289

Кавадарци 5133, активни 225

Охрид 4954, активни 444

Штип 4930, активни 251

Струмица 4068, активни 241

Струга 2956, активни 148

Кочани 2754, активни 161

Кичево 2504, активни 239

Гевгелија 2183, активни 166

Неготино 2170, активни 134

Свети Николе 1509, активни 102

Ресен 1219, активни 175

Крива Паланка 1214, активни 46

Радовиш 1106, активни 84

Берово 1021, активни 23

Делчево 959, активни 70

Дебар 935, активни 25

Виница 847, активни 116

Пробиштип 778, активни 21

Валандово 663, активни 19

Богданци 494, активни 45

Крушево 489, активни 73

Демир Капија 396, активни 15

Демир Хисар 394, активни 60

Кратово 360, активни 9

Македонски Брод 356, активни 7

Пехчево 265, активни 15

Македонска Каменица 237, активни 15

Дојран 132, активни 4

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk