Скопјанка „го подбра“ Ковачевски: ”Премиере, лекови не може да се купат со два денари од заштеда на макарони, цените се до плафот!“

Денеска премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, но и со многу камери прошета низ скопски маркет, за како што кажа да ги провери цените на јајцата.

Но, граѓаните имаа можност да го затекнат, па ја искористија шансата да го искажат своето незадоволство од замрзнувањето на цените, ниските плати и високата инфлација.

Повозрасна жена му се обрати на премиерот и го праша зошто највисоките пензии се зголемуваат најмногу, а најниските најмалку. Исто така, дополни дека цените се многу високи.

„Цениве се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари“, му кажа жената на Ковачевски.

Фото: Принтскрин