logo
logo
logo

Скопјани не ЕДНАШ, туку ДВА ПАТИ во ист ден фатени со дрога наменета за турскиот пазар

Vecer | 24.06.2021

Скопјани не ЕДНАШ, туку ДВА ПАТИ во ист ден фатени со дрога наменета за турскиот пазар

Во текот на вчерашниот ден некаде околу 17 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на бул.„Србија“ лишени се од слобода А.Р.(43) и Е.С.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, при извршен преглед на такси возило, во кое се превезувал А.Р.,пронајдени се две ќеси со наркотична дрога марихуана, која требало да биде предадена на друго лице за да го изврши транспортот до Република Турција.

Малку подоцна на истиот булевар, запрено е патничко возило „цитроен С4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р., а управувано од Е.С. Во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по добиена судска наредба, извршени се претреси во домовите на двете лица, при што се пронајдени и запленети повеќе пакувања со марихуана, со тежина од околу пет килограми и вага.

Двете лица се приведени во Полициска станица Бит Пазар и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk