logo
logo
logo

Скопјанец запрен во обид да криумчари во земјата над илјада монети

Vecer | 01.04.2023

Скопјанец запрен во обид да криумчари во земјата над илјада монети

Во петокот околу 14,30 часот на Граничниот премин Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Север – Полициска станица Табановце е лишен од слобода 51-годишниот С.Ј. од Скопје.

При извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети. Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе.

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk