Скопјанец кој не сакал да почитува полициска наредба и да застане со авотмобилот, продолжил да вози и удрил во полицаец, соопшти МВР.
Според извештајот на МВР се работи за дваесет и четиригодишен скопјанец, кој веднаш после тоа бил приведен.
- Вчера на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го привеле М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со автомобил „мерцедес“ удрил полициски службеник, велат од МВР.
Понатаму се додава дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.