Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека македонските граѓани  стекнале колективен имунитет заради природно заразување, а не заради вакцините.

– Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симптоми некои не знаеја дека го имаа..и некои завршија во болница. Според сите проценки околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите, рече Пановски за Алфа.

Според него се што е на отворено не е опасно, но тоа не важи и за затворено.

– Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста. Меѓутоа сепак впечатокот е дека вирусот нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно.  Но и топлото време има влијание за намалување на бројките – рече Пановски.