logo
logo
logo

СКАНДАЛ: СДСМ-Арачиново ги повикува кандидатите кои аплицирале за работа во АРМ да се јават кај претседателот на огранокот на партијата

Vecer | 27.09.2022

СКАНДАЛ: СДСМ-Арачиново ги повикува кандидатите кои аплицирале за работа во АРМ да се јават кај претседателот на огранокот на партијата

Владејачката партија продолжуваат да ја тресат скандали. Имено, на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново, кандидатите коишто аплицирале за работа во АРМ се повикуваат да се појават кај претседателот на огранокот на истата партија или кај раководството на истата.

-Почитувани сонародници, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново, се вели во повикот на партијата објавен на Фејсбук.

Во меѓувреме, скандалозната информација беше отстранета од социјалната мрежа на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk