logo
logo
logo

СКАНДАЛ: РЕК Битола вршела рекет во полза на фирма на Заеви

Vecer | 26.05.2021

СКАНДАЛ: РЕК Битола вршела рекет во полза на фирма на Заеви

Компанија Рубитон добила тендер за ископ на јаглен во Битола. По добивањето на тендерот во 2018 година директорот на РЕК Битола Ковачевски на две средби вршел притисок врз директорот на Рубитон да ја отстапи работата на фирмата СВ Инвест. Првото барање било да отстапи 50 %, а откако се одбиени да отстапи 99 % од работата на СВ Инвест што Рубитон одбиле. Потоа од Ковачевски добиле закани и најава дека нема да ја добијат работата.

На крај, директорот на РЕК Битола, Ковачевски, побарал 250.000 евра од Рубитон ако сака да ја почне работата на ископот, а парите во износ од 250.000 евра, што е 25 % од вкупниот износ на работата, да ги предадат авансно на лицето Вице, и им дал телефонски број од Вице да договорат средба во Вила Парк во Струмица… Сето ова е дел од пријава, исказ, од Рубитон до МВР.

По оформување на предметот во МВР под број од 27.02.2020, според приложените документи од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вршени се измени во изјавата од подносителот Рубитон во делот каде што се спомнува лицето Вице за да го нема во постапката на Обвинителството.

Аферата, како што посочи тој, опфаќа изнуда-рекет на средства од компанијата Рубитон Битола која е добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

- Случајот излегува по пат на јавно признание и сведочење на сопственикот на компанијата. Компанијата по регуларен пат добива тендер, по што Васко Ковачевски, директор на РЕК го котактира сопственикот на компанијата добитник, по што принудува да се откаже од тендерот и истиот кој веќе го има добиено Рубитон да се предаде на СВ Инвест на Столе Чифлигароски.

Сопственикот на Рубиотон вели дека нема правна можност за тоа, по што Ковачевски организира средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк. Средбата се откажува, а Вице Заев ги контактира сопствениците на компанијата и им вели дека ќе го испрати Горан Крстев од Тотал Инжињеринг, инаку амнестиран со Зоран Заев за Глобал да ја договорат работата. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250 илјади евра да припаднат на Вице Заев, во кеш. Таа сума била многу поголема од можната заработувачка.

Сопствениците на Рубитон на повиците на Горан Крстев не се одзиваат, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено и ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СБ Инвест во Комбинатот. Воедно и предупредувавме на фамозната Вила Парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот, вели Мицкоски.

Тој посочи и дека оштетените го пријавиле случајот во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски.

- Мистериозно на веќе еднаш потпишаната изјава исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Тоа е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Вилма Рускоска, МВР, Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока, рече Мицкоски

Тој го посочи и делот кој недостасува во кривичната пријава за директорот Ковачевски, а сега на потег е Обвинителството.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk