logo
logo
logo

СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА: Во болниците се лекуваат 1.498 болни од ковид-19

Vecer | 27.03.2021

СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА: Во болниците се лекуваат 1.498 болни од ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 629 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во ковид-центрите во болниците низ Македонија се лекуваат вкупно 869 болни од коронавирусот. Во скопските болници има околу 50 слободни места, а низ државата 200, соопшти Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека бројит на приеми се зголемува.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 39 приеми, во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти, а 9 на Инфективната клиника. Во Козле не биле примени нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 305 пациенти, во ГОБ 8 Септември 118, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти болни од ковид-19. Во Иститутот за белодробни заболувања кај деца има 39 пациенти, на детската клиника има17 деца позитивни на ковид 19, а на ГАК има 12 позитивни пациентки. Голем дел од пациентите во Скопје се на кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 85 пациенти, во Штип 53 пациенти, во Тетово 35, во Велес, а во Куманово 133 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 104, во Гостивар 44, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 77 пациенти, во Кочани 28, во Кичево 32, во Кавадарци 73, а во Гевгелија 26 позитивни и суспектни на корона-вирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk