logo
logo
logo

Сител: Околу 30 жртви во пожарот во тетовската болница

Vecer | 08.09.2021

Сител: Околу 30 жртви во пожарот во тетовската болница

Пожарот во модуларната болница во Тетово е изгаснат, но модуларната болница е целосно изгорена.

Неофицијално, како што пренесува телевизија Сител,  има околу 30 жртви, a меѓу нив има и пациенти и персонал.

Пожарот избувнал околу 21 часот и веднаш биле пратени противпожарните екипи и полицијата за истиот да се локализира.

Веста дека има жртви ја потврдија и од Министерството за здравство, од каде што рекоа и дека сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Повредените лица итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.

Се чека да се изврши увид и да биде објавена официјалната бројка на жртви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk